„Отворена книга“ Јулијана Величковска

„Отворена книга“ е втората стихозбирка на Јулијана Величковска. Содржи песни претходно објавени во нејзината прва стихозбирка „Комарци“, во романот „Годишни времиња“ и некои необјавени песни. Поезијата на Величковска е застапена во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Чешка и Италија, а застапена е и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина. Нејзините песни [...]

„Стихотворбите на Хрвоје: ein Volksbuch“ Исток Улчар

Улчар си игра со сите алатки што му стојат на располагање. Тој ја расклопува поезијата на делчиња и повторно ја составува. Не се плаши да влезе во експеримент во кој сѐ станува поезија. Се заигрува и така заигран добива хибридни песни, кои може да го шокираат, да го изненадат, да го насмеат, да го подзамислат читателот. Тоа зависи од читателот. [...]

„Директни обраќања“, Марина Икономова Шокева

Директните обраќања сфатени како форма се едни од најдревните творечки пројави на човекот, прво кон природата, а потоа и кон другиот околу себе. Со директното обраќање човекот се издвојува од природата и рамноправно се поставува кон неа, исто како што се одвојува од толпата на која ѝ припаѓа, издвојувајќи се од средината и издигнувајќи се постепено на творечките рамништа, прво [...]

„Тие“ Ива Дамјановски

Книгата ја доби наградата „Игор Исаковски“ во 2017 година за првото издание на Блесок. Ова е второ и дополнето издание од стихозбирката.