„Стихотворбите на Хрвоје: ein Volksbuch“ Исток Улчар

Улчар си игра со сите алатки што му стојат на располагање. Тој ја расклопува поезијата на делчиња и повторно ја составува. Не се плаши да влезе во експеримент во кој сѐ станува поезија. Се заигрува и така заигран добива хибридни песни, кои може да го шокираат, да го изненадат, да го насмеат, да го подзамислат читателот. Тоа зависи од читателот. [...]

„Директни обраќања“, Марина Икономова Шокева

Директните обраќања сфатени како форма се едни од најдревните творечки пројави на човекот, прво кон природата, а потоа и кон другиот околу себе. Со директното обраќање човекот се издвојува од природата и рамноправно се поставува кон неа, исто како што се одвојува од толпата на која ѝ припаѓа, издвојувајќи се од средината и издигнувајќи се постепено на творечките рамништа, прво [...]

„Тие“ Ива Дамјановски

Книгата ја доби наградата „Игор Исаковски“ во 2017 година за првото издание на Блесок. Ова е второ и дополнето издание од стихозбирката.

„Автобиографија. Мечта на еден старец“ Григор Прличев

Предговор, превод и адаптација: Славе Ѓорѓо Димоски. Подготвувајќи ја Автобиографијата (истото се однесува и за ’Мечта на еден старец‘) за нов прочит, а пред сѐ наменет за помладиот читател, должен сум да кажам дека тоа го правам со голема возбуда предизвикана од Прличевата постојана присутност меѓу нас. Неговото дело не го остава рамнодушен македонскиот љубопитник и тој понабрзо се навраќа [...]