„Отворена книга“ е втората стихозбирка на Јулијана Величковска. Содржи песни претходно објавени во нејзината прва стихозбирка „Комарци“, во романот „Годишни времиња“ и некои необјавени песни.
Поезијата на Величковска е застапена во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Чешка и Италија, а застапена е и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина. Нејзините песни се препеани на кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, холандски, албански, чешки, италијански, бугарски и арапски јазик.
Прочитај повеќе на goodreads
Купи онлајн на kupikniga.mk