Улчар си игра со сите алатки што му стојат на располагање. Тој ја расклопува поезијата на делчиња и повторно ја составува. Не се плаши да влезе во експеримент во кој сѐ станува поезија. Се заигрува и така заигран добива хибридни песни, кои може да го шокираат, да го изненадат, да го насмеат, да го подзамислат читателот. Тоа зависи од читателот. Тој ја деконструира книжевната традиција, си игра со веќе зададените општествени вредности, и со својата одлична смисла за хумор ги става на ачик, им фрла сноп светлина, ги покажува со лице на кое не сме навикнати да ги гледаме. Нешто слично на она „Царот е гол!“
Ѓоко Здравески