Јулијана Величковска

Јулијана Величковска e родена 1982 година во Скопје. Taa e писател, преведувач и издавач.

Величковска дипломирала на катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Автор е на книгите: монографија „Дваесет години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), поетската збирка „Комарци“ (2010, ПНВ) , романот „Годишни времиња“ (ПНВ Публикации, 2014) и стихозбирката „Отворена книга“.

Нејзиниот роман „Годишни времиња“ во април 2017 г. беше објавен и на бугарски јазик од страна на издавачот „Ерго“ од Софија, во превод на Поли Муканова.

Јулијана Величковска ги има преведено следните наслови:

  • „Ќерката на надреалистот“ од Кристиина Ехин, раскази (од англиски јазик) – ПНВ Публикации, 2012 г.
  • „Мртво море меѓу нас“ од Жељко Миловиќ, поезија (од црногорски јазик) – ПНВ Публикации, 2013 г.
  • „Со други очи“ од Одвиг Клив, поезија (од англиски јазик) – ПНВ Публикации, 2013 г.
  • „Никој не знае“ од Патрик Котер, поезија (од англиски јазик) – ПНВ Публикации, 2014 г.
  • „Талкање пред зори“ од Сејди Марфи и Илмар Лехтпере, поезија (од англиски јазик) – ПНВ Публикации, 2014 г.
  • „Единаесет ирски поети“ Избор од современата ирска поезија (од англиски јазик) – ПНВ Публикации, 2016 г.

Нејзините песни се препеани и објавени на неколку јазици, меѓу кои: кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, холандски, албански, чешки, италијански, бугарски и арапски јазик.

Учествувала на бројни поетски читања низ Македонија и Европа, меѓу кои:

  • Струшки вечери на поезијата – 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013 г.
  • „Песнило“ – Младински културен центар – 2011 г.
  • Cork Spring Literary Festival – Ирска, 2011 г.
  • XV Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот во Рим, 2011 г.
  • Бела ноќ – Скопје, 2013 г. и 2014 г.
  • Астални проекции – Менада, 2014 г. и 2016 г.
  • Денови на младата македонска проза – Софија, 2015 г.
  • Барски летопис, самостојна книжевна вечер, Бар, 2015 г.
  • СУР – Стих у регији, Загреб, 2015 г.
  • Самостојна книжевна вечер на Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, 2016 г.
  • Софија: Поетики 2018 – Софија, Бугарија, 2018 г.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Чешка и Италија, а застапена е и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина.

Таа е член на организацискиот одбор на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

 

Поврзани книги

Leave A Comment