„Под дервишовото сиќе“ Андреј Ал-Асади

„Под дервишовото сиќе“ се најде во најтесниот избор од петте најдобри книги помеѓу два фестивала на Струшките вечери на поезијата за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2018 г.

„Андреј Ал-Асади се јавува како одличен познавач на дервишката (и исламската) духовна традиција, но и на античката грчка филозофија и драматургија. Песните изобилуваат со историски и филозофски реминисценции, со бројни алузии на источната религиска мисла, но и со поими позајмени од музичката терминологија, со што авторот ја продолжува својата опсесија од музиката, доминантна во неговата прва стихозбирка. Песните, иако го носат здивот на древноста, го отсликуваат нашето совремие: говорејќи за културните слоеви и мемориското наследство, тие едновремено, говорат за современите состојби на егзл, војни и разурнувања, но и за дилемите низ кои минува секој млад човек, врзани за средбата со Еросот и Танатосот, како и за поетските предизвици на креативниот чин.

Во оваа пригода, освен споменатата хуманистичка димензија, универзална по својата суштина, би сакала да истакнам уште неколку одлики на предложениот поетски ракопис, особено: концизноста, лапидарноста на стихот, вонредно згуснатиот поетски израз (со малку зборови да се каже многу), впечатливоста на поетските слики, суптилната атмосфера која провејува низ стиховите, како и високиот степен на култура на поетскиот стил.“

Лидија Капушевска Дракулевска

Поврзани книги

Leave A Comment