Дејан Величковски

Дејан Величковски е роден 1977 година во Скопје. Високото образование го стекнува на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде што дипломира како офицер.

Од 2001 година до денес работи како активно воено лице во Армијата на Република Македонија. Во 2008 година од страна на АРМ е испратен на усовршување на англискиот јазик во Отава, Канада, а по враќањето, две години работи како инструктор по Англиски јазик за потребите на Армијата.

Во светот на литературата влегува во 2013 година кога за првпат на македонски од англиски јазик го преведува романот „Фантомот од операта“ од Гастон Леру. Неговата интензивна преведувачка работа во изминативе неколку години на македонски јазик ни ги донесе и „Поштарот сегогаш ѕвони два пати“ од Џејмс М. Кејн (2013), Рашомон“ од Рјиносуке Акутагава (2014), „Знакот на четворката“ од Сер Артур Конан Дојл (2015), „Војна на световите“ од .Х. Џ. Велс (2016), „Уметноста на војната“ од Сун Цу Ву (2016). и „Долината на стравот“ од Сер Артур Конан Дојл (2016).

Извадок од романот „Втор откос“ под насловот „Човек што лупи јаболко“ беше објавен во списанието за книжевност и култура „Акт“ во септември 2016.

„Втор откос“ е негов прв роман.

Поврзани книги

Leave A Comment