Исток Улчар

Исток Улчар е роден на 11.09.1996 година во Скопје. Ги објавил стихозбирките „Сенки низ циркускиот шатор“ (2014) и „Интензивен курс по агонија“ (2016). Неговата поезија е застапена во неколку избори на дела од млади македонски и екс-југословенски автори: „Антологија на младата авангардна македонска поезија“, „Лирски додекамерон“, „Rukopisi 36“, „Поетискон“ и др. Учествувал на повеќе книжевни читања, од кои како поважни се издвојуваат: „Ноќ без интерпункција“ при СВП, „Поети за промена“ во Струмица при „1000 Poets for Change“ и слем-читањето „Veče otvorenih mikrofona“ во Белград, Србија. Негови песни се преведени на српски и на англиски јазик. „Стихотворбите на Хрвоје: ein Volksbuch“ е негова најнова стихозбирка.

Поврзани книги

Leave A Comment