„Годишни времиња“ Јулијана Величковска

„Зачудува и восхитува не многу долгата нарација што е кажана паратаксички, со куси, разбирливи и моќни, прости реченици полни чувственост, страст за живот, топлина, љубов. И кога очекуваш сите сеќавања да бидат кажани во хипотакса, односно со бројни зависни реченици залепени за главната, независната, за да ја објаснат, гледај чудо – пријатно изненадување. Авторката Величковска, навлегува во длабочина, прави вешто психолошки портрет, односно ги кажува индивидуалните приказни за судбините на најблиските и (пред се за својата!) пак низ паратакса, односно со лирско и прецизно поврзување на куси, независни реченици. Одлично! Маестрално!“

Драги Михајловски: „Нема темна страна на месечината, Марла, таа целата е темна“

 

„Годишни времиња не е многу голема по обем, но е многу длабока, многу жива, многу топла книга што нѐ носи низ тој циклус на годишните времиња и претставува едно интензивно патување и низ внатрешнниот свет и спомените. Со оваа книга, авторката влегува во едно елитно друштво на писатели, но и уметници, воопшто, кои се занимаваат со опишувањето на годишните времиња. Ова е дело кое ќе се препрочитува.“

Владимир Мартиновски

 

„Романот Годишни времиња внесува нов вкус на македонската прозна сцена, како пикантен десерт за книжевните гурмани. Десертот потсетува на вкусните бабини јадења и по малку подлутува.“

 Славица Гаџова Свидерска: Кон романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска

 

„Роман, кој не само што може да се чита, туку може и треба да се доживее со сите сетила и со сите хистерии и терапии на детството. Роман, кој реба да се прегрне како дете и во него истовремено да се бара и детето и жената. И архетипот и триппот, фолклорот и рокенролот.“

Душко Крстевски: „Смена на четирите горчливи времиња или носталгија“

 

„Величковска ги демонстрира својата аналитичка моќ и изостреното чувство за психолошки нијансирања, својства што им се присушти на книжевните творци со редок усет за согледување на длабинските проекции во чувствата и во промислувањето на подзасолнетите човечки особености. …Таа покажува дека е во состојба текстот да го спрегнува повеќепати, сновејќи од еден до друг крај, користејќи принцип на нишало, па така читателот ја следи богатата плетка, го следи неутралниот исказ, преку протест и лирска благост, сѐ до иронискиот слој, од кој процесот повторно го изминува патот назад.“

Санде Стојчевски

 

„Станува збор за дело што се чита во еден здив, дело што влегува во самиот врв на поновата македонска прозна продукција.“

Блаже Миневски: Кога празнината боли, или „За гравитацијата што не ги остава птиците да почиваат на небото“

 

„Слатко и горчливо, си поигрува со читателот текстот на Величковска. Негде помеѓу љубовта и смртта, помеѓу присуството и отсуството мешајќи ги, на моменти непрепознатливи, чудни некои синоними помеѓу себе. Нејзиниот текст е како доаѓање на некој одамна заминат пријател, кој се враќа да потсети со доза носталгија на она што било, без кое она што е, не би можело да биде.“

Мерсиха Исмајлоска: „Години на љубов или смрт“

 

  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 142
  • Димензии: 12х18
  • Корица: тврда
  • ISBN: 9786084641285

 

Купи онлајн на kupikniga.mk

Прочитај повеќе на goodreads

 

 

Поврзани книги

Leave A Comment