„Доилката“ Лилјана Пандева

Романот „Доилката“ е добитник на наградата Стале Попов за најдобра прозна книга во 2016 год. што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.Роман, кој од првата до последната страница ве обзема со раскошна леснотија на читањето, бидејќи, приказната што ни ја раскажува Лилјана Пандева, иако ставена во историски рамки, ни открива непознати детали од македонската историја (40 денови од потрагата по кралот Пребонд) е возбудлива, полнокрвна, поетична, со прозрачни лирски пасажи, јазично слоевита и со нагласена драмска тензија, која длабоко нурнува во просторите на писателовата имагинација. Со романот Доилката, кој слободно може да се нарече химна на љубовта и страста, Пандева веќе е врвот на македонското раскажувачко мајсторство.

  • Година на издавање : 2016
  • Број на страни: 160
  • Димензии : 210
  • Корица : мека
  • Јазик: MK
  • ISBN: 9786084641452

 

Поврзани книги